Книга: „Во понеделник ќе нè сакаат“ – за стереотипите

56

„Во понеделник ќе нè сакаат“ на Нахат Ел Хачми во 2021 ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните за книга напишана на шпански јазик.

Во романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која живее во предградие близу Барселона. Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Нахат Ел Хачми го прикажува лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.