Книга: „Брачниот портрет“ – во смртна опасност

33

„Брачен портрет“ на Меги О`Ферел е живописно потсетување на убавината и бруталноста на ренесансна Италија и на млада жена чија близина до моќта ја става во смртна опасност.

Од авторката на бестселерот на „Њујорк тајмс“ – романот „Хамнет“, ова е книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи. Зима, 1561 година. Лукреција, војвотката на Ферара, е однесена на неочекувана посета на селската вила на нејзиниот сопруг Алфонсо. Додека вечераат во леденостудената сала, таа сфаќа дека Алфонсо има злобен план: да ја убие. Лукреција имa 16 години и водела изолиран живот затворена во големата палата во Фиренца, чувана од војниците на татко ѝ и дамите на мајка ѝ. Меѓутоа, овде, во оваа оддалечена вила, таа е на милост и немилост на нејзиниот сè понепредвидлив сопруг. Како да го обезбеди својот опстанок?