Книга: „Боите на разделбата“ – што тешко нѐ погодуваат

48

„Боите на разделбата“ на Бернхард Шлинк е збирка од девет раскази за разделбите што тешко нѐ погодуваат, за разделбите што нѐ ослободуваат, за успешните и за разочарувачките љубови, за довербата и предавството.

Ова се приказни за луѓе во различни фази од животот, за нивните стравови и надежи.

Девет раскази, девет извонредни камерни игри во кои Шлинк ни прикажува како луѓето се повредуваат, со или без намера, приказни што изненадуваат, вознемируваат, но и приказни што носат радост.

Приказни напишани со јасен и смирен јазик, во коишто се спакувани цели животи.