Книга: „Балкански наративи“ – демистификација на стереотипите

30

Книгата „Балкански наративи“ на Катица Ќулавкова ги демистифицира стереотипите на Балканот низ призма на неговите митски, епски, културни, историски и политички наративи (Црн Бог, Црна Арапина, Болен Дојчин, Лепа Ангелина, Одисеј, Пенелопа, Крале Марко, мртвиот брат кој воскреснува).

„Критичкото толкување на балканските стеротипи на насилството, варваризмот и верноста, на ‘бурето барут’, ‘Пандорината кутија’ и ‘папокот на светот’, вклучува скептичност, но и визија. Скептичноста се однесува на конзервативните системи на вредности, а визијата – на новите развојни стратегии, интеркултурните. ‘Балкански наративи’ го ревидира доминантниот културолошки дискурс за Балканот и ја сугерира потребата од ревизија на актуелните геополитички пристапи спрема Балканот (концептот на балканизација или ‘раздели па владеј’). Зашто балканскиот хронотоп е клуч за декодирање и решавање на многу социјални и меѓуетнички констелации во современа Европа, онаа која е од другата страна на балканското гето“, ќе посочи издавачот Три.