Книга: „Англискиот пациент“ – пустината и страсната љубов

39

„Англискиот пациент“ на Мајкл Ондачи е несекојдневен роман испреплетен со судбините на неколку необични ликови како анонимниот пациент кој изгорел до непрепознатливост паѓајќи во пустината со својот авион и младата медицинска сестра Хана која се грижи за него.

Собрани во една стара италијанска вила откривајќи ги постепено своите животни приказни тие го чекаат крајот на Втората светска војна… Редејќи ги делчињата од неповрзаното раскажување за пустинските истражувања и за страсната љубов што ја доживува со жената на својот млад пријател, нашите јунаци дознаваат дека англискиот пациент, всушност, е унгарскиот гроф Ладислав де Алмаши, кој со екипа научници се нафатил да ги картографира неистражените пустински области во северна Африка, каде што сè уште живеат спомените за изгубената оаза Зерзура. Но војната, со својата неумолива жестокост, опустошува сè, вклучувајќи ги и нивните животи…