Клоп лобира за Брозовиќ

86

Челниците на англискиот премиерлигаш Ливерпул со големо внимание ја следат ситуацијата околу хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Марсело Брозовиќ. Менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп, е убеден дека Брозовиќ може да биде идеална опција во средниот ред и затоа во следните неколку дена ќе биде испратена официјална понуда за фудбалерот на Интер која нема да биде помала од 50 мил. фунти.