Клоп и Милнер за влакно ќе се испотепаа

146

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за малку ќе се степал на тренинг со Џејмс Милнер, тврди поранешниот играч на „црвените“, Рагнар Клаван.

Инцидентот се случил во јануари 2017 година, по ремито помеѓу Ливерпул и Сандерленд, по што Клоп беше под голем притисок на јавноста поради слабите резултати. Нервозата ескалирала на еден од тренинзите на тимот.

  • Најголемиот притисок беше околу Божиќ и почетокот на јануари. Во една прилика, не се сеќавам точно кога игравме против, но мислам дека тоа беше натпревар на гости против Сандерленд, Клоп и Милнер за малку ќе се степаа. Милнер се повлече во последен миг, се присети Клаван, па додаде:
  • Во очите на Клоп се гледаше дека е подготвен да оди до крај само за да докаже дека она што тој го тврди е вистина. За него тоа беше стресно време, беше под притисок. Тоа беше моја прва година, а втора година на Клоп во клубот. Имате репутација на добар тренер, тренер кој ги претвора сите играчи во sвезди, но имаше лоши резултати. Не беше лесно, особено ако не победите тим како Сандерленд, објасни Естонецот.

Клаван, пак, се врати во својата татковина во локалниот Линамесконд, а Клоп, кого го опиша како генијалец, му донесе на Ливерпул титули во Лигата на шампионите и Премиер лигата, што „црвените“ ја чекаа цели 30 години.

Што се однесува до Милнер, тој е заменик капитен и еден од поддржувачите на Клоп кога станува збор за искуството и стабилноста.