Владимир Кличко е добар боксер, имаше одлична кариера, но како личност воопшто не го почитувам. Тој е измамник, рече Тајсон Фјури, кој во 2015 година сензационално го победи Украинецот и му го нанесе првиот пораз по 11 години. Никој не го очекуваше тоа, бидејќи Кличко беше огромен фаворит во пресрет на борбата во Дизелдорф, но по 12 рунди судиите со едногласна одлука за победник го прогласија Ирецот со романско потекло.

Откако го урна владетелот во супертешка категорија и му ги зеде шампионските појаси во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите, Фјури неколку години го немаше во боксот. Тој се бореше со депресија, алкохолот и дрога. Во рингот се врати после три години, во декември минатата година. Тој и Кличко по борбата во 2015 година ретко кажаа по некој убав збор еден за друг, а така е и до ден денеска.

  • Кличко е голем лажго, љубоморен и завидлив. Пред борбата бев голем аутсајдер. На него таа борба му значеше многу, беше подготвен на се само за да победи. Баш се, па дури и на мамење, изјави Фјури, а потоа детално опиша што се случило во текот на нивната борба.
  • Првиот проблем го имав на мерењето, ми велеа дека сум полесен отколку што сум. Не сум имал толку килограми колку што тие тврдеа од мојата десетта година. Беше тоа психолошка игра. Дури и во мојот тим луѓето ме прашуваа зошто не јадам, зошто имам толку малку килограми. На денот на борбата ме дочека пена во рингот. Како подот да беше направен од мемори пена. Не можев да се движам, а камоли да се борам на такво нешто. Таквата подлога навистина ме исцрпи, јас бев брз на нозете, постојано се движев, а тој со ова сакаше да ми ја одземе оваа предност. Брзо дознав дека Кличко на ваква подлога тренира во својот камп и дека е навикнат на тоа, откри Фјури кој пред четири години ја прекина доминацијата на Кличко.