Last night (the evening of Monday 28th November and early morning of Tuesday 29th November), citizens in eight countries deflated tyres on nearly 900 polluting SUVs. This is the biggest coordinated global action against high-carbon vehicles in history, with many more to come. pic.twitter.com/yLPnpjjAQG
— The Tyre Extinguishers (@T_Extinguishers) November 29, 2022
Ова движење се бори со загадувањето така што го испушта воздухот од гумите на автомобилите кои трошат многу гориво, особено теренците. Ова ги оневозможува да возат, што е нивната главна цел. На нивните страници нудат инструкции за акција, промотивен материјал и колумна во која известуваат за нивните активности.
Тие не препорачуваат дупчење на гумите, што донекаде ги намалува трошоците за сопственикот. Исто така, возилата што ги користат лицата со попреченост не се цел на „напади“, а имаат страници на кои објаснуваат како да препознаете теренец и да го испуштите воздухот. Да речеме и дека гумите се издишани така што ја притискаат иглата на вентилот со некој ситен предмет и ја оставаат така. Овој процес го нарекуваат „разоружување“ на теренецот.