Кливленд се сопна и кај Индијана (Видео)

43

Актуелниот вицешампион Кливленд има лош старт во новата сезона во НБА лигата, откако го претрпе и петиот пораз, овој пат од екипата на Индијана со 124:107.

И покрај доброто издание на првата ѕвезда кај “коњаницата”, Леброн Џејмс, кој оствари „даб-дабл“ ефект од 33 поени и 11 асистенции, сепак не се спасија од нов пораз. Кај Индијана најефикасни беа Јанг со 26 поени и Колинс со 25 поени.

https://youtu.be/q8Bzt6LSWsM

Резултати: Мајами – Чикаго 97:91, Мемфис – Орландо 99:101, Њу Орлеанс – Минесота 98:104, Шарлот – Милвоки 126:121, Филаделфија – Атланта 119:109, Вашингтон – Феникс 116:122, Бостон – Сакраменто 113:86, Њујорк – Хјустон 97:119, Денвер – Торонто 129:111, Јута – Портланд 112:103, ЛА Клиперс – Далас 119:98.