КИЦ повикува на учество во манифестацијата „Звуците на Чаршијата“

35

Културно информативниот центар (КИЦ) распиша конкурс и ги повикува сите уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата Звуците на Чаршијата“, 2020 година.

Како што информираат од Градот, конкурсот ќе трае до 15 август 2020 година.

Заинтересираните страни треба да испратат кратка биографија, опис на проектот, програма која ќе ја изведуваат, слики кои ќе бидат изложени, фотографии, литературни дела…

Kонцертите и настаните ќе се реализираaт почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Пријавите можат да се доставуваат на e-mail: kic.muzickisektor@gmail.com.