Кирил Митоски сред пролет вљубено потсетува и порачува „Само љубов да нè води“

78

Познатиот македонски фолк-пејач Кирили Митоски во најубавото годишно време, сред расцутената пролет, своите обожаватели преку социјалните мрежи, со причина  ги потсетува на своето прво ЦД со 10 песни, кое е токму и така насловено „Само љубов да не води“. Без разлика што ЦД е излезено пред некоја година, тоа ништо не изгуби од својата свежина. И тоа е вистина.

Кирил го водеше бесконечна љубов кон песната, бидејќи на ЦД-то се песните низ кои тој на својот препознатлив начин раскажува за љубовта вечната непресушна тема помеѓу мажот и жената. Дека на неговата среќа и радост им нема крај, се забележува од авион. Тој на сите им се заблагодарува од сесрце кои му помогнале во реализацијата на ЦД-то. Само и понатаму фали да направи и официјална промоција за новинарите, па впечаток и нам да ни биде комплетен. Но, како што велат, трпение-спасение!

Тој им е благодарен на Орце Зафировски, Миле Барбаровски, Ванчо Тарабунов, Златко Миладиновски, Сашо Лаврински, Милан Зафков, оркестрите на „Фолк-фест Валандово“ и „Цветници“, Николче Мицевски, Орце Лазаров, Суат Усеин-Цуле, студиото „Момироски“, на „Сенатор-мјузик“, кој го издаде ова ЦД, но и на многу други кои придинесоа за успехот кој сепак, на крајот од краиштата пристига на адресата на пејачот. Позитивните реакции од страната на публиката не изостанаа. Лесно се забележува дека пејачот многу се трудеше, ништо не ѝ препуштил на случајноста.

Затоа е штета што сè уште Кирил нема некој свој солистички концерт, со оглед на тоа дека Македонија има млади сили во фолк-музиката, а со кои единствено се задоволува на фестивалите или на тезгите по рестораните и свадбите. Тие таквите талентираните како Кирил заслужуваат. Што побрзо – тоа подобро. И за сите нас. Вообичаено за да не кукумјавчиме дека соседите имаат, а ние не. Имаме, имаме и пејачи и песни, само што генерално сме мрзеливи во медиумската организација и презентација. (Д.М.)