Разговорите за прекин на огнот во Газа и враќање на израелските заложници најверојатно ќе продолжат утре во Доха, но денешните разговори се ветувачки почеток, изјави на брифинг советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Кирби рече дека директорот на ЦИА Бил Барнс и координаторот на Белата куќа за Блискиот Исток Брет Мекгурк присуствуваат на преговорите денеска во Доха од американска страна и дека во моментов се состануваат со претставници на Израел, Катар и Египет, пренесува Тајмс оф Израел.
Тој наведува дека посредниците успеале да „намалат некои празнини“ во пресрет на денешната средба во Доха, како и дека денешната средба е фокусирана на разговори за спроведување на договорот, бидејќи рамката е веќе договорена од двете страни.