Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес ја откажа закажаната средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Њујорк, откако дипломатите на ЕУ се согласија да воведат нови санкции кон Русија, објави кипарската влада.
Двајцата требало да се сретнат вчера на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува „Ројтерс“.
Кипар, кој е член на ЕУ, има блиски политички и економски врски со Москва, но ја следи одлуката на Брисел да воведе санкции кон Русија како одговор на нејзината војна во Украина.