Кинотека ќе биде домаќин на американскиот режисер и сценарист Дејвид Рајкер

81

Кинотека на Северна Македонија ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Тој настапува на независната филмска сцена со својот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр „Девојката“ и „Градот“, кои во Кинотеката ќе бидат прикажани на 13 и 14 мај.

Како што соопшти Кинотеката, Рајкер е сценарист и на атрактивниот документарец „Валкани војни“, што го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време, освојувајќи номинација за „Оскар“ и десетина награди на светските филмски фестивали. Публиката ќе може да го види овој филм на 12 мај.

Рајкер ќе присуствува на проекциите на своите филмови во Кинотеката и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него.