Кинеска експедиција стаса на 23 мај на врвот на планината Чомолангма, со желба да спроведе научни истражувања на највисокиот врв на светот.
Како што пишува Синхуа, членовите на експедицијата го напуштиле кампот на височина од 8.300 метри на 23 мај во 3 часот наутро и стигнале на метеоролошката станица на височина од 8.830 метри-највисокиот од тој вид на светот-по осум часа напорно искачување.
По прицврстувањето на челични јажиња, замена на батерии и вградување на сензори за брзина и насока на ветерот, ја завршиле надградбата на метеоролошката станица.
Потоа се искачиле на врвот од 8.848.86 метри за да соберат примероци од мраз и снег кои ќе ги користат за истражување на загадувачите на воздихот, особено на новите загадувачи.
Експедицијата на планината Чомолангма 2023 е дел од сеопфатна научна експедиција на Чихгаи-Тибетската висорамнина започната во 2017 година. Од крајот на април, вкупно 170 научници спроведуваат истражувања за водата, екологијата и човечките активности во регионот на планината Чомолангма.