Кинезите заработуваат над две милијарди долари од продажба на смартфони за три месеци

10


Приходите од продажба на смартфони во светот се зголеми за четири проценти во вториот квартал на годината, благодарение најмногу на кинеските производители, според податоците на аналитичката компанија „Counterpoint Technology Market Research“.
Во периодот април-јуни 2018 година, кинески компании продале на глобалниот смартфон пазар уреди во вкупна вредност од над две милијарди долари – квартален праг кој производителите од азиската земја го надминуваат за прв пат, забележуваат аналитичарите
Кинеските производители наметнуваат сè поуспешно производи на пазарот и веќе имаат околу една петтина удел во добивката на светскиот пазар за смартфони, тврди „Counterpoint Technology Market Research“.
Во исто време, кинеските марки планираат да воведат ново ниво на цените во премиум сегментот. Oppo, Vivo и Huawei континуирано ја прошируваат функционалноста, иако иновациите на паметните телефони веќе го достигнаа врвот.
Аналитичарите истакнуваат нова генерација премиум смартфони како Vivo Nex (со екран Ultra Full View и вграден во него скенер на отпечаток), Oppo Find X (со екран Ultra Full View) и Huawei P20 Pro (со тројна камера)