Кина ангажира тренери по боречки вештини да ги обучуваат војниците на Тибет

16

Кина соопшти дека ќе ангажира 20 тренери по боречки вештини и ќе ги испрати на Тибетската висорамнина да ги обучуваат припадниците на војската.

Иако без званично образложение на одлуката, таа доаѓ по судирот на кинеските гранични сили со индиските војници во Кашмир, во кои загинаа најмалку 20 Индијци, пренесува Би-Би-Си.

По договорот на двете земи од 1996 година, ниту една страна на границата не е наоружана. Кина не даде званично соопштение за последниот судир, додека Индија објави дека најмалку 76 нивни војници се повредени.

Веста за ангажирање тренери по боречки вештини дојде од званичните, провладини кинески медиуми.

Државната телевизија  Си-Си-Ти-Ви објави дека 20 броци од боречкиот клуб Енбо ќе бидат испратени во Ласа, престолнината на Тибет, ама не е прецизирано дали војниците кои ги чуваат границите  со Индија ќе бидат обучувани од страна на тие тренери.

Извор:www.bbc.com