Дисциплинската комисија при Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни полскиот шампион Киелце за навредливиот транспарент на неговите навивачи кон ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, на мечот од Лигата на шампионите во ноември минатата година.
Навивачите на Киелце објавија транспарент со порака: „Тимур, е.и се“. Тоа очекувано не помина незабележано од ЕХФ која го казни полскиот шампион со 15.000 евра, или 7.000 евра доколку овој настан не се повтори во следните две години.
Минатата сезона и симаптизерите на Вардар имаа транспарент со порака до тренерот на Киелце: Талант –петух“ (Талант – пе.ер). Вардар тогаш беше казнет со идентични 15.000 евра.