Киеза побара трансфер

69
Најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Фредерико Киеза, пред неколку дена ги информирал раководните лица дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.
Репрезентативецот на Италија потенцирал дека сака да игра за тим кој ќе се бори за шампионската титула и кој ќе биде дел од Лигата на шампиони. Според челниците на Фиорентина младиот напаѓач вреди околу 100 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Јувентус.