Кивито лечи депресија?!

99

Најновото истражување, објавено во магазинот Journal of Nutritional Science, покажало дека луѓето кои јадат две кивиа на ден во период од еден и пол месец имаат помала веројатност да бидат депресивни.

Студијата исто така покажала дека дури и луѓето кои јаделе половина киви на ден, имале подобрувања, како во изгледот, така и на имунитетот.

„Сметаме дека причината за овие резултати е витаминот Ц, кој го има во изобилство во кивито“, вели авторката на студијата, доктор Анитра Кар.

Витаминот Ц помага да се зголеми бројот на ензими кои ја враќаат енергијата во организмот, објаснува д-р Кар.

Ова значи дека земањето повеќе витамин Ц може да помогне да се подобри расположението и да се врати физичката и менталната енергија.

Ако се чувствувате депресивно, јадете по едно киви наутро и едно навечер, тоа ќе ви помогне да заздравите од лошото расположение и да ја вратите енергијата, веќе во текот на првата недела.