Кеси не мрда од “Сан Сиро”

15

Одличниот играч за врска во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Франк Кеси, стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Во изминатите неколку дена фудбалските медиуми ја пласираа информацијата дека играчот за врска е голема желба на раководните лица на Челзи, Тотенхем и ПСЖ.

  • Убаво ми е во Милан. Имам уште пет години од актуелниот договор и не планирам да ја променам клупската средина. Моментално сум фокусиран на борбата за Лигата на шампиони. Ќе биде прекрасно ако следната година играме и во ЛШ, изјави Кеси.