Ако им веруваме на британските медиуми, кошаркарот Девин Букер и сексапилната девојка Кендал Џенер се разделиле. Уште еден доказ за тоа се нејзините најнови папарацо фотографии.

Кендал (26) првпат е видена во јавноста откако протекоа вестите дека нејзината љубовна врска со една година помладиот Девин завршила, бидејќи нивните животни патишта и размислувања се различни и затоа што не може да се договорат за тоа што сакаат во иднина, пишува британски „Дејли мејл“.

Прво беше снимена на плажа, во друштво на пријатели, а потоа и на улиците на Калабасас, но ништо не можеше да донесе насмевка на нејзиното прекрасно лице.

Познатата манекенка не сака да го споделува приватниот живот со медиумите, а последните две години ги помина со Девин и не беа познати многу детали за нивната врска. Пред него, таа беше во прегратките на НБА-ѕвездите Бен Симонс, Блејк Грифин, како и на пејачот Хари Стајлс.