Германија претрпе неочекувана елиминација на Светското првенство во Катар, бидејќи не ја помина ниту групата, а голманот на „фармацефтите“, Кевин Трап, доживеа двоен шок. Покрај раната елиминација, Трап остана и без девојката за време на клучните натпревари, откако неговата избраничка Изабел Гиларт мораше да замине во Мајами, каде што не можела да одбие понуда за моден магазин.

За изненадувањето да биде уште поголемо, Изабел објави фотографиите на Инстаграм, каде што позираше со бразилското знаме и му посака многу среќа на Неимар за брзо закрепнување, а на „кариоките“ да стигнат до трофејот на Светското првенство.

Инаку, Изабел е родена во Сао Паоло, Бразил, но долги години е далеку од родната земја. Таа и Кевин се познати како пар кој има многу добри односи и се труди да биде што подалеку од јавноста.