Кевин Дурант тренира во дрес на Тони Кукоч

57

Крилниот кошаркар на НБА тимот Бруклин нетс, Кевин Дурант, уште закрепнува од операцијата, но тоа не го спречува да одржува шутерски тренинзи, а на тренинзите носи дрес на еден од неговите идоли, Тони Кукоч.

Дурант можеби ќе ја пропушти целата НБА сезона, но сака на паркет да се врати што е можно побрзо, и веќе почна со полесни тренинзи и да работи на својот шут.

Пред четири години, додека беше во Париз, Дурант изјави дека секогаш му се воодушевувал на Дражен Петровиќ кој беше генијален поентер, и дека Европа има дадено уште еден голем играч кој му бил идол во детството на Дурант, а тоа е Кукоч, кој во НБА играше за Чикаго булс.