Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант, во интервју со славниот Дејвид Летерман откри дека користи марихуана.

Тој му гостуваше на познатиот водител, а во таа пригода проговори и за легализацијата на марихуаната која сè уште е забранета во НБА лигата. Дурант не го ограничува ова, па повремено го користи овој опијат.

Откако започна пандемијата на коронавирус, НБА не тестираше играчи на марихуана, па во последните месеци се шпекулира дека многу ѕвезди го користат ова недозволено средство за да се опуштат. Ваквите пишувања започнаа за време на балонот кој се одржа во Орландо, кога немаше контроли од лигата.

Самиот Дурант не крие дека ужива и се опушта со марихуаната.

  • За мене тоа е опуштање и одвлекување од вашите мисли. Тоа добро влијае на вас. Тоа е како да пиете чаша вино, опиша Дурант, кој исто така има приватен бизнис со канабис.

Тој во разговорот открил дека користи канабис од 22 години и дека користел опијати пред интервјуто со познатиот Летерман за да биде поопуштен во текот на разговорот.