Катица Јанева од Кривичен на пат за Шутка

51

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва од Кривичниот суд со полициско возило е на пат за истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.

Обвинителката Вилма Русковска по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.

Русковска нагласи дека на Јанева ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на нејзината мајка, утре во Гевгелија.

Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет, Бојан Јовановски и Зоран Милески.