Фудбалерите на Академија Пандев нема по добро да го паметат својот дебитантски настап во најеминентното клупско натпреварување, Лигата на Европа, откако на Националната арена „Тодор Проески“ во првото квалификациско коло загубија од Зрињски со 3:0.

И покрај вискоките амбиции по ждрепката за своето европско деби во Лига Европа, сепак мостарски Зрињски се покажа како далеку поквалитетен тим на зелениот терен во Скопје.

Зрињски за половина час ја заврши работата за победа, а воедно и си го завери пласманот во второто коло, секако доколку не се случи чудо во Мостар. Ирфан Хаџиќ во 12-та минута го отвори мечот, Станиша Мандиќ во гсолеми резултатот во 28-та, а Миљан Говедарица во 56-та погоди за убедлива победа.

Покрај „пандевци“, денеска своите мечеви од ова коло ги одиграа и Шкупи, кој успеа да додеј до поволен резултат на гостувањето кај Пјуник (3:3), како и Македонија ЃП која претрпе пораз со 3:1 против Алашкерт.