Каталонците опседнати со Олмо

38

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде и за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Дани Олмо. Новопечениот репрезентативец на Шпанија потекува од младнската школа на Барса, а најавениот кам-бек на „Ноу Камп“ ќе стане реалност во јануари само доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.