Рускиот суперлигаш, ЦСКА од Москва, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Милан, Саму Кастиљехо. Крилниот напаѓач повеќе не е дел од плановите на шефот на стручниот штаб, Стефано Пиоли, и затоа му е дозволено да си замине во Москва како позајмен играч. Милан сака откако ќе му заврши позајмицата, ЦСКА да го откупи неговиот договор за околу 8 мил. евра.