Популарната македонска пејачка Каролина Гочева деновиве кога е доста актуелен македонскиот избор за “Песна на Евровизија“ се огласи со свое мислење околу своите настапи на најпопуларниот светски музички настан на кој Македонија нема среќа, не да победи, туку ни во финале да влезе.

Сепак, со Каролина ја имавме таа среќа, таа двапати беше наша претставничка и двапати влезе во големото евровизиско финале, но со слаб пласман. На „Евровизија“, во 2002 година во Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше дури на 19. место. Во 2007 година во Финска настапи со песната „Мојот свет“ пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Каролина Гочева во емисијата „Кец на једанаест“ на српската К1-ТВ кај Жељко Јоксимовиќ, зборуваше искрено за тоа дали би учествувала повторно на “Песна на Евровизија“:

-Не верувам дека повторно би учествувала на “Евровизија“. Доволно е, бев двапати и повторно не би се изложувала на тој стрес, изјави македонското девојче пред српските ТВ-гледачи. Остана нејасно, зошто водителот не ја праша дали можеби доколку настапи по третпат, Гочева би ја претставувала Република Србија? Колку за трета среќа.  Д.М. фото:ФБ