Карлеуша си го галеше задникот, фановите во транс!

499

Лудо насмеано и бесконечно расположено реагира публиката на завчерашниот секси настап на „мала од скандала“ која не престанува да ги провоцира народите од Вардар па до Триглав. Јелена Карлеуша пееше на белградскиот фестивал “Влез“ скоро па, гола.

Телото и беше покриено само со бели кожни ленти, додека на главата ја имаше круната налик на поглавицата од некое африканско диво племе. Фановите беа во транс без разлика на тоа што добар дел од нив и немаа поим што им пее миленичката. Важно е дека очите им испаднале, се разбира на мажите, додека Карлеуша на сцената од време на време се галеше по задникот обвиткан во белите ленти. Ох, мори земјо, отвори се!
Д.М.