„Мала од скандала“!
Тој ми е пријател за цел живот. И тоа машки пријател кој се жртвува и се бори за мене како татко, како брат. Со жена не би можела да ја работам оваа естрадна професија. Веднаш би се скарале!
Јелена Карлеуша „мала од скандала“, повеќе од десетина години е со Зоран Бирташевиќ во успешни менаџерски релации и комуникации. И не го менува за некој друг или трет, бидејќи нивната работа се претвори и во пријателство кое квалитетно трае. Заедно соработуваа и неодамна на нејзините нови албуми „Алфа“ и „Омега“.
– Малкумина од нас пејачките имаат среќа да запознаат пријател за цел живот. И тоа машки пријател кој се жртвува и се бори за мене како татко, како брат. Со жена не би можела да ја работам оваа естрадна професија. Веднаш би се скарале а, можеби и за коси би се фатиле. Зоки е мојот менаџер, мојот пријател во добри времиња, а најмногу во оние лоши. Имав среќа да го запознам човек кој ми стана најголема поддршка во сè, раскажа Карлеуша.
– Не му е лесно да биде мој соработник, пријател, во оваа наша татковина Србија, во која сум постојано на отстрел, како диво животно. Кога бев медиумски линчувана токму од вас новинарите, само Зоки застана во мојата одбрана без трошка интерес. Никој не се бори за мене како Зоки и како што се бореше мајка ми Дивна, но и мојата тетка, нејзината сестра.
Пејачката Јелена Карлеуша воедно му го честита роденден на својот пријател и менаџер
–
– Еден ден, кога сè ќе помине, ќе останат само оние кои биле тука и за добро и за лошо… кои те познаваат вистински, те сакаат со сите твои доблести и уште повеќе со твоите мани… Оние кои верувале во тебе кога никој друг не верувал и оние кои направиле сè за да светиш, криејќи ја твојата темнина… Среќна сум што те имам и што секоја нова година од животот ти ја загорчувам. Среќен роденден на мојот животен сопатник, брат, другар, творец, визионер… мојот Зоран! Зоран Бирташевиќ брзо и кусо ѝ се заблагодари на Јелена:
– Кога Лавицата вели така, тогаш тоа е едноставно така. Те сакам многу и сè така и така во недоглед, ќе те сакам!