Пред некој ден Македонката Андријана на својот Инстаграм профил објави видео во кое со помош на перика и шминка се преобрази во српската ѕвезда Јелена Карлеуша.

Двојничката

Инаку Андријана е позната шминкерка од Велес. Таа на јавноста ѝ е позната по тоа што со помош на шминка се преобразува во познати личности, а овој пат нејзина инспирација беше атрактивната српска пејачка која, освен што е позната по разни скандали, нам ни е позната и по својот специфичен и неидентичен стајлинг со останатите нејзини колеги, а доказ за тоа се и 2 милиони следбеници кои константно ѝ упатуваат позитивни коментари.

ЈК

Па така, сега и Андријана како ЈК често е во фокусот на Инстаграм следбениците кои со задоволство го следат нејзиниот стил и нејзината умешност за шминкање. А, која ѕвезда ќе биде нејзина следна инспирација сè уште не знаеме, но сигурно повторно ќе ни приреди некое позитивно изненадување. М.А

фото: Инстаграм