Тоа што го напиша за мене дека сум к*рва, ќе ти кажам дека к*рвата ти ги дала парите за лекување на мајка ти, порача Карлеуша на Милан, кој на тоа ѝ возврати дека “Албумот ти го откажува зависникот (на дрогата)!“

„Мала од скандала“, пејачката Јелена Карлеуша, е во страшна (медиумска) војна речиси до истребување на нервите и тоа со Милан-Лаќа Радуловиќ, синот на починатата хитмејкерка Марина Туцаковиќ.

Војната ја започна тој, а таа, Карлеуша каква што ја знаеме не може(ше) да остане рамнодушна на неговите сочни прозивки.

Карлеуша вели дека нема што да крие од публиката и новинарите, бидејќи сака луѓето да знаат за каков лош човек станува збор, дека сите треба да се тргнат од него. Пејачката истакнува дека на нејзиниот албум „Алфа“ нема да има ниту една песна напишан од Лаќа, а сега јавно објави преписка во која се гледа дека тој не го испочитувал договорот што тие го имале меѓусебно.

-Ова се пораките кои ми ги испрати Милан Радуловиќ Лаќа, синот на Марина Туцаковиќ. Тој имаше само два текста на мојот претстоен албум. Еден од нив го објави на музика од Дарко Димитров, и тоа на Твитер. Со закани за двата текста дека овој „автор“ е платен пред една година, пред сведоците. Поради Марина Туцаковиќ и од сожалување за неговата психичка состојба и зависност, јас и моите колеги приватно страдавме од постојаните напади од лудилото на Радуловиќ и од неговите навреди, истакна видно потресена Карлеуша, а потоа продолжи да дообјаснува:

-Молчевме за неговата измама на јавноста дека тој е автор на сите  текстови на албумот. На албумот има вкупно 16 песни, а двата негови текста се заменети. Ги предупредувам колегите да се заштитат со заверени договори од таквите „луѓе“. Не сум должна да ги трпам неговите испади поттикнати од дрога. Парите да ми ги врати веднаш. Од почит кон починатата Марина ги толерирам неговите испади… напишала меѓу другото Карлеуша до Лаќа.

Тој очекувано не ѝ останал должен па, одговорил:

-Зависникот ти го откажува албумот. Чао, со среќа!

Таа му возвратила: – Утре врати ми ги парите што ти ги дадов!

Лаќа и на тоа имал сочен и безобразно дрзок одговор: –  Подобро кога си к*рва!

Јелена секако дека не премолчи, продолжила во својот специфичен стил: – Тоа што го напиша за мене дека сум к*рва, ќе ти кажам дека к*рвата ти ги дала парите за лекување на мајка ти. Срам да ти е ѓубре едно, веќе збеснато му возвратила, очигледно емотивно повредената „мала од скандала“.

За целиот овој немил случај, од тимот на Јелена порачаа дека ќе контактираат со правните служби, со што се надеваат да го решат настанатиот проблем со синот на Марина.   (Д.М.)фото:ФБ/Инстаграм