Кариус го уништи Ливерпул и му донесе нов трофеј на Реал (М)

23

Благодарение на Герет Бејл, но и на Лорис Кариус, фудбалерите на Реал (М), трет пат по ред го освоија трофејот кој е наменет за најдобриот тим во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Финалниот натпревар помеѓу екипите на Реал (М) и Ливерпул, кој беше одигран на “Олимпискиот” стадион во Киев, заврши со триумф на “кралскиот клуб” од 3:1.

Велшкиот интернационалец постигна два погодока, но првиот беше вистинско ремек-дело, ножички, кои вечно ќе бидат запаметени во фудбалскиот свет.

При вториот погодок на Бејл, постигнат со удар од 30 метри, кумуваше голманот на “црвените”, Лорис Кариус, кој имаше ужасна интервенција, но не толку катастрофална како при погодокот на Карим Бензема.

Почесниот погодок за Ливерпул, кој од 30 минута играше без повредениот Мохамед Салах, беше дело на Саидо Мане.