Караџовски открива – што може да се направи пред воведување на полициски час

169

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за состојбата со Ковид-19 и за новите мерки за спречување на ширење на вирусот кои ги донесе Собранието и што следно може да се направи пред воведување на полициски час.

„Од иднава недела правиме напори одредени одделенија кои во моментов не функционираа како Ковид-центри да ги претвориме во одделенија кадешто ќе можеме да зголемиме број на хоспитализирани пациенти. Пред се одредени интернистички одделенија во државата ќе се претворат во Ковид-одделенија. „8 Септември“ истото што го правеше во април и мај ќе го прави и сега. Плус Институтот за белодробни заболувања во Козле ќе биде Ковид-центар со 60 кревети, меѓутоа и три клиники за коишто размислувавме, тоа е Дерматовенерологија, Ревматологија па дури и Институт за ТБЦ. Меѓутоа пред да дојдеме до таму имаме уште неколку опции, а тоа се интернистичките одделенија во сите клинички болници низ државата. На прашањето колку сега имаме хоспитализации – некаде над 600. На прашањето колку можеме да одиме со број на заболени и хоспитализирани – повеќе од 1,000. Значи, не сме дошле до таму да во моментот немаме капацитет. Проблеми во моментов се одредени специјалисти од областа на пулмологијата коишто имаме намера да ги ротираме од институција во институција па дури и приватните интернисти да ги вклучиме во дежурствата“, вели Караџовски.