Каратистите од „Шампион“ пожнеаја безброј медали во Лесковац

84

Каратистите од карате клубот „Шампион” Крива Паланка пожнеаја златни, сребрени и бронзени медали на интернационалниот карате турнир „Ипон 2020″, што се одржа во Лесковац, на кој настапија над 800 натпреварувачи од земјава, Србија и Бугарија.

– Традиционално учествуваме на силниот меѓународен карате турнир во Лесковац, во организација на Карате клуб „Ипон”. Овој пат КК „Шампион” настапи со седум натпреварувачи. Вукашин Јовановиќ со четири победи и ниту еден изгубен поен ја потврди добрата форма пред претстојното државно првенство. Јована Мицовска, исто така, во силна конкуренција стигна до финалето со две победи. При судиско изгласување на нерешен резултат 0:0, не успеа да се закити со злато и го освои второто место – информира Стевче Христовски, тренер во КК „Шампион”.

Тој додаде дека добри настапи имале и Адријан Симоновски и Теодор Павловски со забележани три победи, секој поединечно, и на крајот двајцата беа третопласирани во своите категории, освојувајќи бронзени медали.

– Оваа е прв турнир во 2020 година. Ни претстои Државното првенство за деца од 11 до 13 години кое ќе биде критериумско за настап на Балканското првенство во Истанбул, Република Турција –  информира Стевче Христовски, тренер во КК „Шампион”, рече Христовски.

Извор:МИА