Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ, иако има 37 години, не планира да се пензионира од дресот на Франција. Славниот ракометар останува во националниот тим барем до Европското првенство кое ќе се игра во јануари 2022 година во Унгарија и Словачка. По олимпиското злато во Токио во пензија заминаа Лук Абало и Мишел Гигу, но Карабатиќ сака уште еден медал.

Карабатиќ со Франција има десет медали (три олимписки и европски, четири светски) и на листата е изедначен со Тиери Омејер и Мишел Гигу. Доколу популарните „експерти“ станат шампиони на ЕП 2022, тогаш Карабатиќ ќе стане „вечен“ на листата.