Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ, збесна на натпреварот против Хрватска, поточно се налути поради потегот на хрватскиот ракометар Давид Мандиќ. За време на неговата расправија со хрватскиот ракометар настана гужва на паркетот, тројца Хрвати против шест Французи, а од трибините на паркетот долетаа две чаши со пиво – вакво беше сценариото во Сегед, кое потсети на старите ривалски дуели меѓу Франција и Хрватска.
Расправијата настана откако во 47. минута Давид Мандиќ жестоко налета на Кентин Мае и го удри со раката во брадата. Тогаш Никола Карабатиќ полуде, урлаше по хрватските играчи и судиите. Мандиќ доби црвен картон поради прекршок, а откако чешките судии отидоа да го гледаат повтореното видео, му покажаа син картон, што значи дека ќе поднесат извештај до дисциплинскиот судија, кој може уште повеќе да го казни хрватскиот ракометар. Постои реална можност Мандиќ да го пропушти натпреварот против Србија в сабота навечер.
Франција, пак лесно ги победи „коцкестите“ со 27:22, но мора да се напомене дека Хрватска восоставот ги немаше најдобрите Домагој Дувњак, Лука Циндриќ, Марко Мамиќ и Марино Мариќ.
Фото: „Index.hr“