Капетан Кирк леташе до вселената и назад: „Блу ориџин“ успешно слета на Земјата

108

Вселенското летало „Блу ориџин“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, направи успешен лет во вселената со четиричлен цивилен екипаж.

Главната ѕвезда на овој потфат е актерот Вилијам Шатнер (90), кој ја играше улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“.

Капсулата со четворица членови на екипажот слета на земја.

Со овој лет, Шатнер стана најстарата личност што некогаш летала во вселената.

Полетувањето беше закажано за девет наутро по локално време.

Првичната намера беше вселенското летало „Блу ориџин“ вчера да полета во вселената, но временските услови не го дозволија тоа.

На Шатнер на десетминутното патување му се придружија поранешниот инженер на НАСА, Крис Бошуизен, ко-основач на платформата Медидата Солушнс за клинички истражувања Глен де Врис и потпретседателот и инженер Одри Пауерс од „Блу ориџин“.

Четворицата членови на екипажот поминаа обука вчера, а тимот на целата мисија ја заврши проценката на подготвеност, со цел да се осигура дека „сите системи се во функција“.

Блу ориџин имаше прилично успешен деби лет на 20 јули оваа година, кога ffеф Безос и уште три лица полетаа до работ на вселената.