
Репрезентативецот на Португалија, Жоао Кансело, и официјално е преставен како последна зимска аквизиција на германскиот гигант Баерн (М). Офанзивниот бек и понатаму е во сопственост на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, но вториот дел од актуелната сезона ќе го одработи како позајмен играч на „Алијанц арена“. Баварскиот гигант ќе има право да го откупи неговиот договор но понудата не смее да биде помала од 70 мил. евра.