Кам-бек на Вилшир

60

Се погласни и погласни се шпекулациите дека по пауза од неколку сезони, поранешниот репрезнтативец на Англија, Џек Вилшир, повторно ќе го облече дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Искусниот играч за врска моментално има статус на слободен играч и може да се врати на „Емирати“ без никакво обештетување. Англиските медиуми открија дека неговиот агент веќе преговара со раководните лица на Арсенал.