Камениот мост ќе добие ново осветлување

37

Градските власти ќе прават ремонт односно поправка на осветлувањето на Камениот мост. Веќе е распишана јавна набавка за најповолна понуда од фирма за изработка на основен проект за реконструкција на илуминацијата на овој мост.

При тоа, во јавната набавка се наведува дека проектот треба да биде изработен така да овозможи поправка во воочените дефекти во инсталацијата и опремата на мостот во неговото досегашно функционирање.

Воедно, ќе треба да се изврши увод во опремата и на инсталацијата на мостот, односно увид во опремата и инсталацијата од разводниот ормар и од разводните шахти, како и увид на состојбата на светилките.

Во предмер пресметката треба точно да бидат утврдени  количините на опремата која треба да биде заменета. Од избраниот изведувач на санацијата на илимунацијата треба да се побара гаранција за светилките за кои ќе се вршат интервенции во траење од пет години. 

(А.П.)