Камара достапен во јануари

45

Раководните лица на францускиот гигант Олимпик од Марсеј, имаат сериозен проблем кога е во прашање договорот на стандардниот првотимец, Бубакар Камара. Одличниот играч за врска има договор со Марсеј до крајот на актуелната сезона и доколку во следните неколку недели не биде продолжена соработката, Камара тогаш ќе мора да биде продаден за време на зимскиот преоден рок. Интерес за неговите услуги покажуваат неколку англиски клубови и тимот на Милан.