Калчо интерес за Веронген

19

Големите ривали од италијанската Серија А, Интер, Рома и Фиорентина, се обидуваат на секаков можен начин да ги осигураат услугите на белгискиот интернационалец Јан Вертонген. Централниот дефанзивец пред неколку дена и официјално стави крај на соработката со лондонскиот премиерлигаш Тотенхем и сега има статус на слободен фудбалер. Сите три клуба му нудат 3-годишен договор, но само Интер му ја нуди посакуваната годишна плата од најмалку 5 мил. евра.