Големите ривали од италијанската Серија А, Милан и Јувентус, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на калчолигашот Рома, Николо Заниоло.
Благодарение на одличните партии кои ги прикажа како на домашната сцена, така и во Лигата на шампиони, младиот напаѓач го привлече вниманието на сите европски гиганти.
Сепак, челниците на Рома ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за услугите на Заниоло не биде помала од 40 мил. евра.