Калиопи нашата но и балканската поп дива,како голема православна христијанка го прослави Велигден онака како што доликува. Со вапцаните јајца кои се секако во црвената боја.

Пејачката посака мир, среќа,благосостојба и пред се најмногу здравје со оглед на тоа во кое време-невреме живееме. Фановите ја испофалија Калиопи, порачувајќи и дека не само што за нив е пејачка број еден, туку таа е и вредна домаќинка без конкуренција.

– Многу убави јајца, веројатно имаш и голема фамилија штом толку многу јајца си вапцала, нека е за многу години Велигден, велат нејзините обожаватели.   Д.М.