Калиопи не мирува! Дивата ќе разбранува сè пред себе!

291

Од промоцијата на албумот, преку концертот на Хераклеја, до арената во Скопје!   

Македонската поп-дива Калиопи не мирува. Но тоа не значи дека „збеснува“. И да „збеснува“, тоа е во онаа позитивна смисла со многу позитивни вибрации. Онака како тоа го знае Калиоипи, јужњачки темпераментно. Најпрво, за овој 29 мај со почеток во 12 часот, во просториите на „Воденица Мулино – Вински клуб“ популарната балканска пејачка ќе одржи голема прес-промоција на нејзиниот нов албум. За новинарите, нејзините постојани поддржувачи. Воедно тоа ќе биде и одбележување на нејзината успешна 40-годишна музичка соработка со хитмејкерот композиторот Ромео Грил (некогашен сопруг на Калиопи).

И тоа не е сè од Калиопи. Таа вредно работи на своите следни македонски солистички концерти. Во големи подготовки е за концертите во Битола на Хераклеја ова лето 20 јули, што секако и поради самата специфична локација, тој концерт ќе „дише“ со специфичната атмосфера.

Вториот концерт малку временски ќе попричека, бидејќи ќе биде на есен на 19 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Што значи, подготвувајте се да пеете и танцувате со Калиопи, заедно со нејзините мега-хитови, секогаш омилени кај публиката: „Дали ме сакаш“, „Црно и бело е сè“, „Обои ме“, „Ако денот ми е ноќ“, „На пат кон Македонија“, „Мелем“, „Вучица“, „Кофер љубави“,  „Лео“, „Да море зна“….и секако на сите најомилената песна „Бато“.   Д.М.