Калајџиќ опција во нападот

24

Австрискиот интернационалевц од редовите на германскиот бундеслигаш Штутгарт, Саша Калајџиќ, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан. Младиот напаѓач одигра одлично во изминатата сезона во која постигна дури 16 погодоци. Бомбардерот на Штутгарт ќе се пресели на „Сан Сиро“ за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. евра.